Бизарно: Тригодишниот син го ожениле со сестрата близначка за да ја исправат лошата карма!

Суеверни родители од тајландската провинција Након Саван организирале венчање за своите тригодишни близнаци, во обид да ја исправат лошата карма.

Петаи Андеќават ја оженил во саботата својата сестра Пејлин, за мираз од три милиони тајландски баха односно 78.700 евра Во тајландската култура постои верување дека близнаците со спротивен пол во претходниот живот биле љубовници на кои им било забрането да бидат заедно.

Родителите мораат да ги венчаат децата, со што би му испратиле порака на Бог дека се добро и дека конечно им е дозволено да се сакаат.

Во спротивно, децата, според верувањата би можеле да умрат многу млади.