Биле најдобри другарки, а сега се маж и жена – Во еден момент се се промени (ФОТО)

По долгогодишно пријателство, сфатил дека е дојдено време да и ги покаже своите вистински чувства Најдобрите пријатели, кои се запознале во тинејџерските години, сега се венчаа. Она што ја прави оваа љубовна приказна необична е фактот што во времето кога и двете се запознале, тие биле девојчиња. Нивната љубов се разгорела кога еден од нив го сменил полот.

Кајла (26) и Арон Капенер (25) од сојузната држава Тенеси во САД се зближиле во средно училиште кога имале само 15 и 14 години, а во тоа време Арон се идентификувал како девојче. Брзо „кликнаа“ и станаа најдобри пријатели. Како што поминувале месеците, Арон почнал да сфаќа дека има романтични чувства кон Кејли, но се плашел како таа ќе реагира, па решил да го задржи тоа за себе.

Тој бил израснат во конзервативно семејство и неколку пати неделно одел на миса, но откако сфатил дека е трансродова личност и решил да го промени полот, Кајла останала со него. По долгогодишно пријателство, сфатил дека е дојдено време да и ги покаже своите вистински чувства. Тој ја бакна, а на негово изненадување, таа му возврати. И не само бакнеж туку и чувства. Набрзо се верија, а минатата година се венчаа.

Погледнете ја оваа објава на Инстаграм. Арон за медиумите изјави дека поради неговото религиозно воспитување не знаел за ЛГБТК + заедниците, но уште како дете се чувствувал поинаку. Сè додека не почувствувал нешто за Кејли, не сфатил дека не е хетеросексуалец.

Моите рани години беа предизвикувачки бидејќи уште од мали нозе знаев дека не го чувствувам она што го чувствуваат другите на мои години. Како што влегов во пубертет, стана очигледно дека нешто не е нормално и почнав да истражувам.

Поради моето семејство, никогаш не размислував за моите чувства, не знаев дека постои ЛГБТК + заедница“, рече тој.