Блогерката тврди дека само една работа е важна за слабеење и градење мускули

Сакате да знаете како да изгубите маснотии? Важен е само калорискиот дефицит – напиша таа Лорен Вуд, која има повеќе од 74 илјади следбеници на Инстаграм, објасни што може да ви помогне да ја достигнете посакуваната цел.

Дали сакате да знаете како да изгубите маснотии? Важен е само калорискиот дефицит – напиша таа. Вуд тврди дека диетите се важни само за да го намалите дневниот внес на калории и да создадете дефицит.

Не мора да ги отсекувате групите на храна за да изгубите маснотии. Престанете да верувате дека треба да избегнувате јаглени хидрати и масти. Сите макронутриенти се важни – истакна таа. А кога станува збор за тренинзите, Лорен ве советува да почнете да кревате тегови.

Заблуда е дека треба да трпиме часови и часови кардио тренинзи за да изгубиме сало. Научно е докажано дека кревањето тегови е најдобриот тип на тренинг за слабеење – додава Вуд.

Кога кревате тегови и ги зајакнувате мускулите, вашето тело продолжува да согорува калории дури и откако ќе ја напуштите теретаната. Покрај кревањето тегови, според тренерите, има уште три тренинзи кои во комбинација со урамнотежена исхрана ефикасно ги топат мастите. Тоа се HIIT, одење и јога