Богатиот татко го однел синот меѓу сиромашните, а неговата реакција го оставила без зборови

Еден ден еден богат татко го однел својот син на патување само за да му покаже како е да се биде сиромашен. Поминале неколку денови и ноќи на фармата на семејство кое го сметале за многу сиромашно. Откако се вратиле, таткото го прашал синот како му се допаѓа патувањето. „Беше одлично, тато“, одговорил синот.

„Дали виде колку луѓето можат да бидат сиромашни?“, прашал неговиот татко. „О, да“, одговорил синот. „Па, што научи на ова патување? Видов дека ние имаме едно куче, а тие четири“, одговорил синот и додал. „Имаме базен што е до средината на градината, а тие имаат поток што нема крај. Имаме увезено светилки во нашата градина и тие имаат ѕвезди навечер. Имаме мало парче земја каде што живееме и тие имаат ниви кои не се видливи. Имаме слуги кои ни служат, но тие им служат на другите.

Ние сами си купуваме храна, а тие сами си ја одгледуваат. Имаме ѕидови кои не штитат, а тие се заштитени од нивните пријатели“. Таткото на момчето останал без зборови. И тогаш синот заклучил.
„Патувањето ми покажа колку навистина сме сиромашни. Премногу често забораваме што имаме и се концентрираме на она што го немаме. Она што е безвредно за еден за друг е нешто скапоцено.

Сè е засновано на перспектива. И понекогаш ни треба детска перспектива за да не потсети што е важно.

Дали се согласувате со ова паметно момче и неговиот светоглед?