БРАВО: Од стар школски автобус направи совршено модерен дом!

Крејг Џ.Гординер одлично ја искористил 2020 година. Речиси 7 месеци поминал во реновирање и на крајот наместо стар школски автобус од 1999 година добил модерен простор за живеење.




Откако во мај купил автобус во Јужна Дакота, овој поранешен војник го однел во Масачусетс и потполно го преобразил. Неговиот современ стан на тркала сега содржи дури и вештачки камин и машина за еспресо.
Крејг го поткренал кровот за околу половина метар и тој сега е висок околу 3 метри. Внатре сместил кујнам кревет, кауч и туш кабина со мијалник.
Она што необично шармира во овој необичен дом е токму тушот со ефект на дожд и прозорците на таванот кој овозможуваат природна светлина да влезе во домот, а навечер пружаат чувство на спиење под ѕвезди. На кровот има и соларни панели, па домот покрај тоа е и енергетски ефикасен, а апаратите и уредите од нерѓосувачки челик му дааваат шик изглед.




На задниот дел од автобусот има платформа за моторот на Крејг.




Погледнете како изгледа неговиот стан на тркала: