Брановите ја прекинаа свадбата

Тој додава дека продолжиле со церемонијата и го исчистиле нередот откако младенците си ги размениле заветите Изминатиов викенд огромни бранови го преплавија јужниот брег на Хаваите. Поплавени се куќи во крајбрежјето.

Националната метеоролошка служба објави дека силните бранови, некои високи и до шест метри, биле предизвикани од комбинација на силен јужен ветер, особено висока плима и зголемување на нивото на морето.

Брановите прекинаа свадбена прослава, а по ударот на терасата се расфрлаа маси и столови. Клипот заврши на Твитер. Брановите беа огромни. Еден од нив едноставно помина преку ѕидот и уништи маси и столови – изјави Сара Акерман, која го сними видеото.

Ситуацијата не беше опасна по живот. Сите се прашувавме каде ќе ги ставиме масите – изјави Акерман и додаде дека продолжиле да слават откако го исчистиле нередот.

Тој додава дека продолжиле со церемонијата и го исчистиле нередот откако младенците си ги размениле заветите.