Брачен пар купил пештера за само 1 ЕВРО и ја претворил во прекрасен дом. Сега сите им завидуваат!

Невработеноста и многуте пари што треба да се одвојат за основни животни потреби и сместување не се проблем само кај нас, туку и во цела Европа.




Денес е многу тешко да се најде прифатливо и пристојно сместување. Поради ова, многу луѓе наоѓаат алтернативни начини и се справуваат на многу креативен начин.
Еден од нив го пронашол Французинот Алексикс Ламуре. Тој дошол на идеја заедно со девојчето да ја искористи и обнови пештерата која долго време била во сопственост на неговата тетка, а не била користена. Пештерата била ставена на аукција и бидејќи немало заинтересирани, Алексикс станал горд сопственик за само 1 евро.




Оваа пештерска куќа се вика Chez Hélène и се наоѓа во француската општина Амбоаз, каде некогаш живеел Леонардо да Винчи.




Во оваа област можете да видите многу пештери бидејќи во текот на 11 век имало многу рударски активности што оставиле дупки во карпите кои локалното население ги населувало и ги претворило во домови. Повеќето од овие домови денес се запуштени и празни, но повторно стануваат популарни, па многу инвеститори и млади луѓе ги купуваат и реновираат.




Парот денес живее во еднособен стан во пештерата, а останатите соби се резервирани за гостите и љубопитните кои би сакале да го искусат животот во пештера.




Севкупно, реновирањето траеше речиси 4 години и чинеше околу 35.000 евра, а конечните резултати од работата се фантастични.