Брачен пар посвои седум браќа и сестри кои беа разделени со години: Засекогаш ќе бидеме заедно

Двојка од северен Тексас посвои седум браќа и сестри Филипинци кои беа разделени повеќе од две години.

Крис и Џесика Милам од округот Дентон одлучија да одгледаат двајца браќа и пет сестри, на возраст од пет до 12 години, кои беа разделени во три различни згрижувачки домови во Тексас.

Двојката помина низ осуммесечен процес на посвојување и ги зеде дома браќата и сестрите за кои рекоа дека се „наменети“ за нив.

-Од моментот кога ги прочитав нивните профили реков: „О, ова се децата за нас“ – вели Џесика.

„Тие сакаат животни, сакаат да работат, сакаат растенија. Имавме празна куќа во која штотуку се вселивме. Избравме голема куќа, за да има доволно простор за сите. Ние сме самовработени, па малку е полесно да се грижиме за седум деца од различна возраст“.

Судијата најави дека во најдобар интерес на децата ќе биде парот да биде одобрен за посвојување, како и да се сменат имињата на децата и да се заврши процесот на посвојување.

-Децата често прашуваа дали можат да си одат дома со мене, барем на еден ден. Се обидуваа да преговараат да дојдат што поскоро. Беа возбудени што конечно се заедно, но и што ќе имаат родители со кои ќе останат засекогаш – се присетува Џесика.

Таа и нејзиниот сопруг првично планирале да посвојат помалку деца, но околностите ги натерале да се предомислат.

– Ова е знак дека засекогаш ќе бидеме под еден покрив – изјавила една од посвоените девојки.

– Ќе имаме семејство кое ќе се грижи за нас додека не пораснеме и ќе може да се грижи за себе – додаде нејзиниот постар брат.