Брачна двојка ја реновирала бањата, па пронашла ЧУДНА ПОРАКА во ѕидот: Содржела ПРАШАЊЕ упатено до нив(ФОТО)

Пораката им го разубави денот Кога купувате постара куќа, никогаш не знаете што може да најдете во неа. Токму тоа им се случи на брачниот пар Алекс и Џес Мона, кога решија да ја реновираат бањата.

Алекс на Твитер откри што нашле изведувачите во бањата кога ги иистружија ѕидовите. Имено, на едниот дел од ѕидот имало фотографија и порака.

Здраво! Ние сме Шинсеки. Ја реновиравме бањата во летото 1995 година. Ако го читате ова, тоа значи дека повторно ја реновирате бањата. Што згрешивме? – стои во пораката покрај фотографијата на брачната двојка која претходно живеела во куќата.

Заедно со нивната фотографија има и фотографија од зајак. Тие објаснија дека го научиле зајакот како да го користи тоалетот и дека и тој живее во нивната куќа.

Џес, новата сопственичка на куќата, изјавила дека пораката и го разубавила денот, а таа и нејзиниот сопруг ќе ја задржат во случај да ја продадат куќата