Бременост после 35 години има свои добри страни – Постарите мајки играат битна улога во развојот на детето, а еве и зошто

Научниците дојдоа до некои интересни откритија. Гинеколозите дефинитивно препорачуваат бременост во помалите години, бидејќи токму тогаш плодноста е во полн ек, но избегнувате и можни несакани последици за себе и за детето. Сепак, постојат причини зошто е сосема добро – или можеби дури и пожелно – да се има дете дури и по 35-годишна возраст.

Секако, секогаш треба да бидете свесни за ризиците бидејќи бременостите во подоцнежна возраст ги зголемуваат шансите за компликации, хипертензија, дијабетес или хромозомски абнормалности кај новороденчињата. Ова е причината зошто повеќето жени одлучуваат да се породат порано во животот, но студиите покажуваат дека подоцнежната бременост има бројни предности, а се чини дека една од нив е тоа што жените кои раѓаат подоцна во животот подобро ги воспитуваат своите деца.

Во последните 20 години сме сведоци дека значително е намален бројот на жени кои станале мајки во своите дваесетти години. Всушност, се повеќе жени одлучуваат да се породат во подоцнежна возраст, а најчести причини за тоа се нивните кариери, но и подоцнежниот брак. Новите студии покажуваат дека постарите мајки не се толку строги во наметнувањето физичка и вербална дисциплина на нивните деца од 7 до 11 години. Како резултат на тоа, децата кои припаѓаат на оваа возрасна група покажаа помалку тешкотии во однесувањето и помалку социјални и емоционални тешкотии.

Истото истражување покажа уште една предност на породувањето подоцна во животот: имено, постарите мајки имаат подобар и постабилен однос со своите деца. Покрај тоа, нивото на зрелост на овие жени им олеснува да го надминат стресот од бременоста и да одржуваат позитивен став додека ги воспитуваат децата.

Со текот на годините, луѓето стануваат подобри во решавањето на емоционалните и менталните предизвици, така што можат подобро да се справат со секоја ситуација и да ги водат своите деца на подобар начин. На своите малечки им обезбедуваат позитивна психосоцијална средина која им помага да бидат оптимисти во животот.