Вака сигурно не ја замислувала својата фотосесија за венчавката

Фотографиите од бајките и романтичните венчавки се прекрасен спомен за младенците на нивниот најубав ден, но како што сите знаеме, работите не одат секогаш според планот. Цел свет е сведок на тоа, а на несреќата од фотографирањето цел свет се смее. Станува збор за пар од Русија, кој поради некоја причина фотографот решил да слика во калта, покрај огромно езерце.




Во еден момент му рекол на младоженецот да ја земе невестата и така романтичниот момент пред објективот станал нешто сосема друго. Со невестата во раце, младоженецот зачекори во калта, се лизна и во следниот момент и двајцата завршија во барата и калта.




Видеото од оваа сцена ги преплави социјалните мрежи и сите умираат од смеење, но има и такви кои тврдат дека се е наместено заради кликовите и лајковите на мрежите, сето тоа е само глума, а веќе се знае дека Русите се шампиони на чудни идеи кога се во прашање свадбите.




Повеќе детали погледнете во видеото.