(ВИДЕО)Дале отказ на работа, продале се што имале и тргнале на пат околу светот. Два дена подоцна се случи шок во нивниот живот

Танер Бродвел (26) и Ники Валш (24) од Колорадо поднеле оставка на работа, продале се што имале и купиле брод за да тргнат низ светот по море. Сепак, оваа авантура засекогаш ќе остане во нивната меморија од сосема различни причини.

По само два дена пловење, тие удриле во непознат предмет и изгубиле сè за 20 минути. Бродот потона крај брегот на Флорида. Двојката мораше да го напушти бродот за да ги спаси своите животи, а им останаа само 90 американски долари.

За среќа, тие успеаја да го спасат своето куче Реми.

Сега немаат ниту работа, ниту заштеда, ниту знаат каде ќе живеат, а за да го извадат бродот воопшто од вода, потребни им се околу 10.000 долари. Инаку, пловниот објект воопшто не беше осигуран. Сепак, ентузијастите не изгубија срце. Тие велат дека не се предаваат и дека би сакале во иднина повторно да одат на море.

Не можеме само да се откажеме од нашиот сон“, рече Ники. Претпоставувам дека ќе имаат повеќе среќа следниот пат.