(ВИДЕО)Добила тешка инфекција на окото – Мисли дека можеби е од мачката која ја чува дома

Мачката на Мануела и пренела тешка инфекција која ја спречува да гледа на едното око. Денеска му е благодарна на Бога што навреме отиде на лекар. Јужноамериканската инфлуенсерка Мануела Гомез Франко на својот профил на социјалните мрежи откри дека всушност ќе го изгубела едното око поради болест наречена токсоплазмоза.




Според неа, да не одела на лекар навреме, денешната приказна ќе била поинаква и многу потрауматична. Сега не гледам со едното око. Ги направија сите тестови и се покажа дека имам токсоплазмоза. Многу лесно можеше да помине на другото око и да бидам целосно слепа ако не отидов на време во болница – изјавила Мануела.




Според неа, потеклото на болеста се уште не е познато, а голема е веројатноста дека се работи за инфекција која и ја пренела мачка. Исклучена е можноста да се работи за лоша процедура и грешки при нанесување на вештачки трепки.




Докторот ми кажа дека е прилично сигурен дека тоа е поради мачката, но дека дополнителните тестови допрва треба да го потврдат тоа. Ми рекоа дека инфекцијата напредувала и ми препишаа многу антибиотици. Докторот не ме уверува дека ќе гледам како досега, но фала му на Бога што навреме отидов на лекар за да ја прекинам инфекцијата за да не се прошири на другото око – додала Мануела.




Таа додаде дека ваквите инфекции може да се манифестираат и поради конзумирање на контаминирана вода или храна како месо, овошје и зеленчук.
Видеото погледнете го ТУКА