(ВИДЕО)Миа ја фати СОСЕТКАТА на дело: Знае што направи со ПОШТАРОТ, има и фотографии како доказ

Една девојка сподели приказна на својот TikTok за тоа како нејзината соседка потпишала и го земала нејзиниот пакет вреден 300 фунти од поштарот, а потоа и кажала дека „нема пакет за неа“.




Според Сан, доставувачот испратил фотографија од пакетот на жената по име Миа пред вратата од станот на соседот за да ја извести дека го подигнала пакетот. И покрај тоа што во пакетот имало само постелнина и корпи за перење, Миа била бесна што останала без своите работи.




-Има фотографија од пакетот пред вратата на мојата сосетка, а потоа уште една фотографија откако таа ја затворила вратата, а пред вратата нема пакет, што значи дека ги внела внатре.




Дојдов кај неа и прашав дали може да ми го даде мојот пакет бидејќи доставувачот ми кажа дека го подигнала, на што таа ми одговори дека не знае каде е – рекла Миа на видеото.




Мислела дека згрешила, па уште еднаш ги погледнала фотографиите дома и уште еднаш се уверила дека пакетот го презел сосед. Потоа го замолила своето момче да се обиде да разговара со неа, а таа му признала дека потпишала да го земе пакетот, но тврдела дека го оставила надвор, пред вратата.




– Не разбирам зошто некој би потпишал да го земе пакетот и потоа да го остави надвор? Подобро тогаш не го ни потпишала – додала во видеото.




По првото видео, корисничката веднаш објавила друга во која објаснува дека пакетот и се „појавил“ пред врата следниот ден, а наводно го зел сосед од друг стан, а не оној чија врата ја фотографирал доставувачот. . Како и да е, таа беше среќна што конечно го доби.
@miaxmon Reply to @lauren_mariexoxo ♬ original sound – mia mon