(ВИДЕО)Молитвите на еден човек биле остварени кога странец тропнал на неговата врата

На интернет кружат снимки од маж како тропа на вратите на луѓето и им нуди да плати кирија. На многумина им стана ангел кој ги спаси од тешките ситуации. Хуан води канал на YouTube наречен That Was Epic , а во ова видео тој тропа на вратата на непознат маж и му нуди да му ја плати киријата. „Здраво. Сосема случајно прашање. „Извини што те мачам“, му рекол Хуан на човекот што ја отворил вратата.

„Ме интересира колку плаќаш овде за кирија“. „Па, јас плаќам 1.200 долари“, рече човекот. „Добро, ајде да видиме“, рече Хуан додека броеше 1.200 долари во готовина. Човекот го праша Хуан зошто го прави ова, но Хуан само се насмевна и рече дека сака да му помогне со тоа што ќе ја плати следната кирија. Човекот останал целосно шокиран. „Знаеш дека се молев за ова“, рече човекот, „Немам пари за утрешната кирија“.

„Сериозно? Па, тогаш“, рече Хуан“, „Сега имате“. „Дали си ангел?“, праша човекот. “Не. Само што имам канал на Јутјуб, „Хуан рече“ Денес решивме да одиме во домовите на луѓето и да им дадеме пари за кирија“.

Тогаш човекот се отвори за својата моментална ситуација. Тој рече: „Се молев. Моментално се префрлам од едно на друго работно место и ми беше тешко. Се молев утрово. Порано ја плаќав киријата навреме, но работите тргнаа наопаку во последните два месеци. Се преселивме овде пред четири месеци и ми стана доста тешко кога се преселивме. Фирмата во која работев беше распродадена и буквално не оставија на улица. Уште утрово му кажував на мојот внук дека никогаш не смееме да губиме надеж. Тоа е последното нешто од кое ќе се откажам. Ќе го земам ова бидејќи знам дека е од Бога. Ова е токму она што Бог би го направил“.

Тогаш мажите се прегрнаа и се поздравија.