Видеото стана ХИТ! Реакцијата на идниот татко кога дознал дека неговата сопруга носи тројка, а очекувал само едно дете

Има неочекувани радосни моменти во нашиот живот. Сите би сакале да ги има повеќе. Меѓутоа, до тие среќни моменти често не водат шокантни вести кои не ги очекувавме. Како на видеото, на кое таткото дознава дека неговата сопруга носи тројки. Отпрвин таткото мислел дека се близнаци, што го направило прилично среќен.

Тие се близнаци, нели? Па тоа е убаво! – тој рече. После тоа, идната мајка го прашала дали забележал нешто необично на сликата и во тој момент целосно го збунила. Наглас го прочита лекарскиот извештај во кој пишуваше: „А“, „Б“ и „Ц“, а во резимето здравствената состојба. Тогаш таткото рече – Ништо не ми е јасно. Што не е во ред? Дали нешто не е во ред?

Мајката објаснила – „А“ е првото бебе – потоа замолчела и го оставила таткото повторно да размисли, па додала – ова е бебето „Б“ и бебето „Ц“. Таткото некое време збунето и молчејќи ги гледал фотографиите од ултразвук.

За неколку секунди од неверување морал да ги изброи бебињата на прсти. Ќе имаме три бебиња?! Дали си сериозна?! – праша во шок.

А потоа направи чекор назад и рече – Зошто е тоа лошо, па тоа е одлично! Тие се здрави, се е во ред – и на позитивниот одговор на мајката, тој додаде – Ова е одлична вест, прекрасно е, ПРЕСРЕЌЕН сум!