(ВИДЕО)Транспарентни јавни тоалети во Токио за минувачите да видат дали е слободно

На улиците на Токио се поставени јавни тоалети со проѕирни стаклени ѕидови осветлени како „прекрасни лампиони“. Тоалетите се поставени во два парка на Шибуја, деловниот дел на јапонската престолнина, а се дело на архитектот и дизајнер Шигеру Бан.

Тие се дизајнирани да решат два проблема за користење на јавни тоалети – за луѓето да можат да проверат дали е чист без да влезат и да знаат дали има некој внатре.

Сега жителите на Токио треба само да погледнат низ витражот.Секако, не би било многу пријатно да одите во тоалет и да ве гледа цела улица, а Јапонците немаше да бидат Јапонци да не дојдоа со решение.

Штом некој влезе во тоалетот и ја заклучи вратата, стаклото веднаш се замаглува и повеќе не се гледа низ него.