(ВИДЕО) Девојка раскажува за тоа како била во близок контакт со ајкула

Почувствував пукнатина и си помислив “Се надевам дека ногата ми е изместена бидејќи ако не ми е, тогаш веќе ја немам”, со овие зборови Хедер Босвел се потсетува на ужасот кој го преживеала додека работела на океански брод. Имено, Хедер работела на истражувачки брод на Пацификот во близина на брегот на Чиле. Еден ден таа решила слободното попладне да го помине пливајќи во океанот.

За жал, најлошата ноќна мора на речиси секој човек нејзе и се случила. Воопшто не ме болеше. Болката беше како кутре да ти го гриза прстот. Но во тој момент, моите колеги почнаа да врескаат од паника, бидејќи огромна ајкула ми ја гризна ногата, вели таа.
ВИД
Во тој момент, таа очајнички се обидувала да се одбрани од ајкулата додека пак екипажот на бродот направил се за да ја извлече од океанот.

Еден од колегите успеал да ја фати за рака, а друг со стап ја удирал ајкулата. На тој ден, 19 годишната Хелер ја загубила левата нога. Тоа беше како да влечете јаже. Ме фатија за рака и ме влечеа, но ајкулата се уште ја држеше мојата лева нога. Почуствував пукнатина и си помислив “Се надевам дека ногата ми е истегната, бидејќи ако не ми е тогаш ја немам”.

Погледнав надолу и мојата лева нога ја немаше, раскажува Хитер за трагедијата која и се случила во 1994 година. Имено, морничава борба со ајкулата е снимена со камера.