ВИДЕО: Дете испадна од автомобилот на патот, а возачот не ни забележа

Детето испаднало од автомобилот на патот низ прозорецот, а возачот не го ни забележал и продолжил да вози.




Фала му на Бога за прекрасните луѓе кои реагираа и му го спасија животот на детето. На Твитер се појави неверојатно видео од кинескиот град Нингбо.




На шокантната снимка која ја снимија сообраќајните камери, може да се забележи автомобил како стои на голема раскрсница, а непосредно пред да замине, дете паднало од прозорецот на левата задна врата!




Детето при паѓање направило салто и останало да лежи на асфалтот на екстремно фреквентен пат, а возачот не го забележал и продолжил да вози.




Фала богу, останатите возачи реагирале смирено, а првиот што наишол го запрел возилото и ги алармирал другите учесници во сообраќајот.




Веднаш му пришле на детето, го кренале од асфалтот и го однеле на безбедно место.
A child who fell out of a car window was rescued by drivers and passengers of the following cars in Ningbo, China pic.twitter.com/IF6Kj3viHS
— China Xinhua News (@XHNews) August 2, 2022