ВИДЕО: Извлекоа слонче од дупка, а потоа се случи нешто што ќе ве насолзи

Малото слонче кое се изгубило во дивината и се нашло во многу незавидна положба, дефинитивно на овој ден го чувал ангел чувар.

Кога спасувачите од Здружението на слонови Амбосели добиле повик дека слонче паднало во бунар, знаеле дека им претстои тешка спасувачка работа.

Мајката на бебето била преплашена и побегнала од спасувачот додека малото слонче се лизгало во калта без никакви шанси самостојно да излезе од влажната јама.

За среќа, овие добри луѓе успеаја да ја извлечат, но она што следеше е навистина сцена која ќе ве разбуди и ќе ви донесе солзи.