(Видео) Кога нејзините шефови видоа што таа зборува на TikTok одма добијала отказ

Таа беше свесна дека има право да разговара за нејзината плата според Националниот закон за работни односи, но сепак избра да ги отстрани




Една жена од Денвер одлучила да го подели својот приход од 20.000 долари од новото работно место во технолошка компанија на TikTok – но вели дека на крајот добила отказ откако шефовите ја виделе снимката.




Во јуни, Лекси Ларсон сподели видео на TikTok во кое рече дека нејзината плата отишла од 70.000 долари во маркетинг агенција на 90.000 долари откако се вработила во технолошката индустрија. Таа раскажала и за трошоците во Денвер и како се вработила.




Ларсон вели дека откако компанијата за која работи ја пронашла нејзината TikTok сметка, таа почнала да брише видеа за да не ги налути нејзините шефови. Таа беше свесна дека има право да разговара за нејзината плата според Националниот закон за работни односи, но сепак одлучи да ги отстрани.




Сепак, нејзините шефови виделе се. На компанијата воопшто не и се допадна што ја откри нејзината плата, рече таа.




– TikTok ме чинеше работа – рече Ларсон, додавајќи дека тоа се случило две недели откако била ангажирана.




– Два дена подоцна, откако разговараа со мене за мојот профил на TikTok, на крајот ме отпуштија затоа што рекоа дека имањето на оваа сметка е безбедносно прашање – објасни таа.




Како што објаснија адвокатите, отказот бил оправдан од гледна точка на компанијата. Секој бизнис во САД има свој интерес да се погрижи да не давате дискриминаторски изјави, да откривате трговски тајни, да се заканувате со насилство или да се вклучите во незаконско однесување.
@itslexilarson How much my paychecks increased when I went from $70k to $90k per year #paycheckbreakdown #salarytransparency #paytransparency ♬ all i need – void