ВИДЕО: Мајмуни нервозно скокаа околу бунарот, а потоа минувачите знаеја дека мора брзо да реагираат!

Ова е моментот кога еден куп љубопитни мајмуни помогнаа да се спаси животот на исцрпениот леопард кој падна во бунар длабок 25 метри во Индија.

Мајмуните биле нервозни и постојано скокале околу бунарот, а потоа верниците кои излегувале од храмот решиле да проверат за што се работи.

Видоа исцрпен леопард во водата и знаеја дека мора брзо да реагираат.

Земале скала и ја ставиле во бунарот, а по неколку минути леопардот конечно успеал да излезе од водата.

Погледнете го и споделете го видеото со вашите пријатели: