ВИДЕО: Момчето на цел глас ја испеа својата омилена песна во болница, видеото ги топи срцата

БОЛНИЦИТЕ можат да бидат многу страшно место за луѓето, особено за децата.

Сепак, едно момче ги освои срцата на луѓето на интернет затоа што не дозволи болеста да му го уништи духот.

Откако беше хоспитализиран, момчето Мигел од Бразил реши од срце и со невиден ентузијазам да ја отпее својата омилена песна, која се пушташе на телевизорот во болничката соба.

Во виралното видео, Мигел може да се види како пее и се лула во креветчето со лажица во рака како микрофон.

Како што подоцна беше откриено, момчето било примено во болница поради гастроентеритис, но не покажувало знаци на страв или вознемиреност. Тој наводно бил пуштен дома набргу потоа.

Сцената воодушеви многу коментатори на Твитер, каде видеото стана хит.

„Не можам да се сетам кога последен пат нешто ме израдувало толку“, напишал корисникот.

Музиката лечи се“, заклучува друг.