(ВИДЕО) Му направила список со правила на однесување на сопругот: а истиот предизвика лавина коментари

Љубовните експерти често предупредуваат на таканаречените токсични врски во кои едниот партнер мора да биде доминантен над другиот. Меѓутоа, постојат луѓе кои се навикнуваат на ваква врска и ваквиот однос воопшто не им пречи, па наместо да имаат контра аргументи тие молчат.

ТикТок корисничката Бејли неодамна објави видео во кое ги наведува строгите правила кои нејзиниот сопруг мора да ги почитува, а истото предизвика лавина коментари.Доколку сака да и испрати порака на некоја жена, тогаш јас морам да бидам таму и да видам што пишува. Но, пред се мора да си бидеме ние двајца најважни еден на друг. Јас треба да сум му поважна и од неговите родители, вели таа.

Судејќи според коментарите, луѓето најмногу ги изнервирало тоа што таа сака да биде пречка помеѓу него и неговите родители.

Тоа се две различни љубови во животот. Тие се негови родители, а ти си му жена. Споредбата е невозможна. Ова е тотална будалаштина- зошто едноставно не признаеш дека немаш ни трошка доверба во твојот сопруг, се само дел од коментарите кои Бејли ги добила под видеото.

Таа дури се обидела и да се оправда велејќи дека истите правила важат и за неа и дека нивниот брак фукнционира совршено.

@bmcpher Reply to @jmh.816 ask and you shall receive🤭 #marriage #marriagerules #husbandandwife #christianmarriage ♬ BUNNY IS QUEEN – BUNNY BARBIE🐰