Видео од расплакано момче на границата меѓу Украина и Полска ќе ви го скрши срцето

Срцето ќе ви го скрши видеото од расплаканото момче кое ја преминува украинската граница. Целото семејство сега е безбедно кај роднините во Полска. Ужасните сцени од Украина пристигнуваат веќе две недели, а меѓу најшокантните се оние кои ги прикажуваат страдањата на децата.


Токму такво видео е снимено на 5 март и прикажува мало момче, навидум сосема само, како оди на граничниот премин Медика кон Полска и плаче.

На грб носи ранец, во чантата има плишана играчка. Наводно пред него била неговата мајка, а како што објавија некои полски медиуми, момчето Валериј (4) и неговата сестра се населиле кај роднина во Полска. Наспроти информациите објавени во медиумите, четиригодишниот Валериј од Украина не ја поминал сам границата. Беше со семејството. На граничниот премин Медика од службениците добил слатки.

Тој и неговото семејство се безбедни во Полска, соопшти полската гранична полиција. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а многумина ја коментираа тажната сцена. Срцепарателно. Секое дете го заслужува најдобриот можен почеток во животот, без разлика каде се наоѓа – напишал еден корисник на Твитер.

Досега најмалку два милиони луѓе ја напуштиле Украина. Овој егзодус е најбрзо растечката бегалска криза од Втората светска војна.

Најголем дел од бегалците, повеќе од 1,2 милиони, побегнаа во Полска. Други се преселиле во Унгарија, Молдавија, Романија, Словачка и други земји.