(ВИДЕО) Пилотот се онесвестил – Патник без искуство го слетал авионот на пистата

Анонимниот патник успешно го приземјил авионот, а во тек е истрага зошто се случило тоа. Се верува дека пилотот имал здравствен проблем поради кој се онесвестил. Патникот, откако ја проценил ситуацијата, почнал да управува со авионот и слетал на аеродромот во Палм Бич.




“Имам сериозна ситуација. Мојот пилот е во несвест и немам идеја како да управувам со авионот. Го гледам брегот на Флорида пред мене, но немам поим каде сум”, му рекол патникот на контролорот на летање. „Обидете се да го следите брегот на север или југ“, рекол контролорот. Се обидуваме да ве лоцираме“.




Контролата го лоцирала авионот кој во тој момент бил над Бока Ратон. Контролорот на летање продолжил да го води патникот. „Обидете се да ги задржите крилата на ниво и да видите дали можете да почнете да се спуштате. Спуштете се многу бавно, турнете ги командите напред“, рекол контролорот.




Патникот успешно и непречено го донел авионот на пистата.