ВИДЕО: Турчин ја реновирал куќа и нашол нешто што ја изненади целата земја!

Жител на денешен Деринкују го срушил ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека зад него има тунел, па друга соба, па друга, па уште една…




Така, сосема случајно, откриен е најголемиот подземен град во Турција, кој бил закопан на 85 метри под површината на земјата.
Овој необичен подземен град со право може да се каже дека е инженерско ремек дело и големо археолошко откритие.




Низ него тече вода за пиење, има низа системи за вентилација, индивидуални станови, продавници, бунари, простории каде се чувало оружје, па дури и гробишта.
Во градот било пронајдено дури и училиште, како и посебни конаци каде се чувале животни.




Досега се откриени 52 отвори, а откриено е и дека не сите извори на вода биле поврзани со површината, веројатно поради страв дека напаѓачите би можеле да ја отрујат водата.
Се претпоставува дека овој подземен град, кој можел да прими до 50.000 луѓе, бил создаден во 7 или 8 век п.н.е.




За време на подемот на Персиската империја, градот се користел како населба за бегалци, подоцна како засолниште од римските и арапските инвазии.
Подземниот град вообичаено им обезбедувал на своите жители одлична заштита од пеколните горештини во лето, додека во зима бил засолниште од студот.




Овој импресивен град не е единственото неверојатно археолошко откритие во Турција.
Речиси 200 други подземни градови се откриени во негова близина, од кои најмалку 40 имаат три нивоа под земја. Вкупно, сите овие градови можеа да примат околу 100.000 луѓе.




Погледнете го видеото: