ВИДЕО: Храбра сестра донираше коскена срцевина за да го спаси животот на својот брат

Клои има 4 години и неодамна доби братче по име Колтон.

Колтон е роден во јули минатата година, но боледува од ретка болест поради која е изложен на разни болести и инфекции, а неговите родители мора дополнително да внимаваат дали ќе се разболи.

Неговата мајка вели дека никој не би можел да каже доколку го погледне, но вели дека моментално е здрав и голем борец.

Бидејќи нема природен начин да се заштити од вируси и бактерии, единствениот начин да се опорави од оваа ретка болест е трансплантација на коскена срцевина.

За негова среќа, неколку членови од неговото семејство веќе биле тестирани како донатори, а Клои била најдобриот донатор од сите.

Таа веднаш ја прифатила одлуката да ја донира коскената срцевина, иако се плашела од операцијата.

Погледнете го приложеното видео и дознајте повеќе за оваа прекрасна приказна: