ВИДЕО ШТО ГО ОСВОИ СВЕТОТ – КАКО МАМА ГЛЕДА ОБИЧЕН ДЕН, А КАКО ДЕТЕТО?

Често се вели дека во родителството деновите се долги, а годините кратки. Прекрасното видео кое го освои светот ги истакнува токму оние обични денови кои на мајките им изгледаат бескрајно долго и што всушност тие значат за децата.




Во рамките на Денот на мајката, блогерката Естер Андерсон го создаде ова видео кое изгледа како обичен ден од две перспективи – прво од мајката, а потоа од ќерката.




Додека мајката е уморна и исцрпена обидувајќи се да постигне се и само тие тешки моменти и се пред очи, сеќавањата на нејзината мала ќерка покажуваат нешто сосема друго. Таа се сеќава само на убавите моменти од денот што помина.




Она што е нормално за нас возрасните може да биде магија за нив. За нив тоа е, можеби, најдобриот ден во животот.