ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА ОД КИНА ЗА ЖЕНАТА КОЈА ГО ОСВОИ СВЕТОТ: Како Џоу Чунфеј од работничка стана милијардерка

Ниту една земја нема повеќе милијардери кои сами го стекнале своето богатство како што тоа е Кина, покажуваат статистичките податоци. Зошто? Поради родовата рамноправност – велат експертите

Некако сме навикнале неверојатните приказни, особено кога се успешните бизниси во прашање, да ни доаѓаат од Америка. Неверојатно е колку малку приказни знаеме за извонредно успешни и богати личности кои живеат и работат во Кина, особено за жени.Џоу Чунфеј(некаде ќе ја прочитате и како Жу Канфеј) е една од нив. Мајка е на две деца. Светот што слушнал за неа ја препознава како работничката од фабрика која за плата од 1 долар на ден, која ја зела судбината, односно работата во свои раце и… станала една од најбогатите жени во светот. Тоа го потврди и угледниот Форбс, кој и минатата година ја стави на листата на најбогати жени во светот.

А како стигнала до таму? Сама, со сопствени напори. Таа го усовршила знаењето во бизнисот чиј профит се мери во милијарди долари и е една од оние кои успешно се проби на светскиот пазар. Нејзината технологија за леќи е еден од водечките светски дистрибутери на стакло што се користи за производство на екрани на лаптопи, таблети и мобилни уреди, вклучувајќи ги iPhone на Apple и Galaxy на Samsung.

Џоу Чунфеј,за разлика од други, не сака да биде пред очите во јавноста, како што на пример тоа го прави Џек Ма, милијардерот и основач на трговскиотланец, веб-страницата Алибаба. Оваа успешна Кинеска е родена во 1970 година во многу сиромашно семејство во провинцијата Хунан, како најмала од трите деца. Нејзиниот татко бил вешт занаетчија, кој изгубил прст додека работел. Таа останала без мајка на само пет години. Со цел да му помогне на своето семејство и да заработи пари, таа многу работела, помагала во одгледување свињи и патки, а истовремено се истакнувала и на училиште.

Сепак, поради лошата финансиска состојба, таа морала да го напушти училиштето на петнаесет години и да се пресели во куќата на нејзиниот чичко во провинцијата Гуангдонг. Таму се вработила во фабрика која произведувала стакло за леќи за часовник, за плата од 1 долар на ден.

Условите во фабриката беа тешки. За тој период таа раскажува:

„Работев од осум наутро до полноќ, а понекогаш и до два часот по полноќ. Немаше смени, имаше само шестмина кои го полиравме стаклото и ја мразевме нашата работа“, се присетува г-ѓа Џоу во интервју за Њујорк Тајмс. Таа, според Форбс, е на 250. место во светот според парите и е на 17. место според богатство во родната Кина.
Таа се сеќава како, по само три месеци работа во фабриката, решила да се повлече. Таа испратила писмо со отказ што ќе стигне до сопственикот на фабриката и кој изненаден од нејзината писменост ќе и понуди ново работно место и покачување на платата.

На само 22 години, Џоу решава да започне сопствен бизнис. Инвестирала 3.000 долари во отворање продавница. Роднините, кои работеле со неа, „привлекувале“ клиенти, ветувајќи им стакло со повисок квалитет.

Она што ја направи Џоу Џунфеј милијардерка се мобилните телефони. Во текот на 2003 година таа продолжи да произведува стакла за часовници. Она што ќе ја однесе од таа патека и ќе ја одведе до нова е повик од Motorola со понуда да соработуваат за да развијат екран за нивниот модел Razr V3. Во тоа време, екраните на телефоните беа изработени од пластика, а Motorola сакаше да развие верзија на екранот поотпорна на надворешни влијанија.

После тоа, деловните победи постојано доаѓаа: нарачки доаѓаа од производители на мобилни телефони како што се Nokia, HTC и Samsung. Потоа, во 2007 година, Apple влезе на пазарот со iPhone, кој прв имаше екран на допир, и со тоа ги смени правилата на игра. Многу работи се променија и кога станува збор за Џоу Џунфеј- лансирањето на iPhone и овозможи да се искачи на лидерската позиција во Кина.
Станувајќи снабдувач на глобалниот пазар, г-ѓа Џоу создаде и нова дефиниција за жена претприемач во Кина која своето богатство го градеше од ништо, што е реткост во деловниот свет. Во Јапонија, според Форбс, не може да се најде жена која самостојно го направила своето богатство. Во САД и Европа, повеќето жени милијардери го стекнале своето богатство преку наследство.

Ниту една земја нема повеќе милијардери кои сами го стекнале своето богатство како што тоа е Кина, покажуваат статистичките податоци. Зошто? Поради родовата рамноправност-велат експертите.