Виц на денот: Зошто не спиеш, миличок? Што не е во ред?- го прашува таа а тој ја погледнува и и вика…

Зошто не спиеш, миличок? Што не е во ред?- го прашува таа а тој ја погледнува и и вика: Се сеќаваш ли пред 20 години кога почнавме да излегуваме јас и ти заедно? Ти имаше 16 години. Се сеќаваш ли на тоа? Жената се трогнала до солзи што нејзиниот маж е толку чувствителен и нежен…

Секако дека се сеќавам- тивко рекла таа. Сопругот воздивнал. Зборовите тешко испаѓале од него: А се сеќаваш ли, драга, кога не улови татко ти на задното седиште од мојата кола? И на тоа се сеќавам – нежно одговарила жената.

А се сеќаваш ли дека тогаш впери сачмарка во моето лице и рече: „Или ќе ја ожениш ќерка ми или ќе те пикнам 20 години во затвор!“ Се сеќавам… -вика жената.

Мажот ја брише солзата која му се лизнала на образот и ѝ вика: Е, па, денес ќе ме ослободеа!