Виц на денот: Шешир

Една девојка стоела на работ на бродот за крстарење. Колку убава девојка со шешир – си помислил еден од гостите. Таа го држела шеширот со двете раце бидејќи почнало да дува ветер. Господинот не можел да и одолее па и се доближил, за да се најде во муабет и рекол:

Извинете госпоѓице, не сакам да ви сметам, но дали приметивте дека вашето здолниште се крена многу високо од ветерот? Да, приметив господине, јас морам да го држам шеширот со двете раце може да ми летне.

Но, вистинските госпоѓици треба да знаат дека нивните интимни делови не треба да бидат изложени во јавност! Таа фрли поглед надолу, па потоа нагоре и му вели:

Господине, ова што вие го гледате доле е старо 25 години. А шеширот го купив вчера.