Внуката отишла на пазарење со дедо ѝ, а тоа што го направил и ги наполнило очите со солзи

Внуката ги сподели своите впечатоци на интернет откако отиде на шопинг со својот дедо. Таму и одржал животна лекција која ја расплакала. Постарите луѓе често не учат важни животни лекции. Целата мудрост што ја собрале низ годините може да ни помогне да почнеме да ги цениме работите што се навистина важни во животот, како блиските луѓе.

Неодамна таков пример стана вирален кога внуката Алеша Немечек реши да сподели емотивна приказна за нејзиниот дедо кој на сите им покажа дека и по долги години брак сè уште се сеќава на омилените работи на сопругата со кои се обидел да ја изненади и покрај здравствените проблеми. „За сите вие ​​кои не знаете, дедо ми Џо има 85 години, 60 години е во прекрасен брак со баба ми, но сеќавањето му згаснува и станува се „побавно“.

Денес ме замоли да го однесам во Волмарт бидејќи сакаше да излезе од дома. Благодарна сум што ме праша затоа што не треба да вози. Исто така, мислев дека би било добро баба ми да одмори малку дома и да има време за себе на кратко и да не се грижи за својот дедо неколку часа“, ја започна својата емотивна порака Алеша.

„Го гледав со бастун во рака, правеше мали чекори околу Волмарт. Немав поим што има на ум, мислев дека сака да излезе од дома неколку часа, но гледајќи што става во корпата, забележав дека сето тоа се омилените работи на баба.

Зеде шише од нејзиниот омилен сок, внимателно избра вреќичка со нејзиното омилено грозје, дури и купи малку пита со лимон, а потоа очите ми се насолзија додека незгодно се упати кон цвеќињата и избра букет кој беше претежно со виолетова боја – омилената боја на баба ми. На пат кон дома, тој инсистираше да застанеме и да земеме сендвич за да и го донесеме на баба за ручек “, продолжи таа.

„Сите можеме да извлечеме поука од дедо Џо“, заклучила внуката.