Внуката почнала да и пее на бабата која не ја препознала, а нејзиниот одговор …

Внуката почнала да и пее на дементираната баба која не ја препознала, а нејзиниот одговор го расплакал целото семејство. Ова набрзо стана момент кој никој во семејството никогаш нема да го заборави. Деменцијата полека ги краде спомените и способноста за когнитивно функционирање. Луѓето со деменција можат многу да заборават и да изгубат чувство за времето. Лекарите предвидоа дека деменцијата ќе влијае на голем број луѓе во блиска иднина, но еден факт останува – музиката навистина лечи.




Истражувањата покажаа дека пеењето може да им помогне на сенилните пациенти малку да закрепнат, односно луѓето кои се сенилни и пеат со некого имаат подобро здравје од оние кои само го слушаат тоа пеење.




Слушањето пеење го активира десниот лобус во мозокот, а кај луѓето кои пеат се активираат и двете хемисфери на мозокот. Затоа внуката на приложената снимка и пее на својата баба која е потпрена на ќебињата и перниците во болничката постела во старечки дом. Нејзината внука и рекла дека ќе и пее, а бабата одговорила дека едвај чека. Таа почна да ја пее песната на Витни Хјустон „I Will Always Love You“. Бабата веднаш замолчела и почнала да гледа во внуката која емотивно ја изведувала песната.




Фасцинирана од песната, бабата кимнува со главата додека нејзината внука пее, па дури и ја нарекува своето бебе. Внуката има прекрасен глас и пее без инструментална придружба. Таа ги смени зборовите на песната и запеа „О бабо, секогаш ќе те сакам, секогаш ќе те сакам“.




Баба почна да шмрка и солзи почнаја да и течат. Тие разменија краток бакнеж, а баба рече дека пеењето е „прекрасно“. Погледнете ја оваа емотивна комуникација меѓу две генерации кога една внука почнува да и пее на баба и. Ова набрзо стана момент кој никој во семејството никогаш нема да го заборави.