Внукот решил да провери што гледа неговиот ДЕДО на ИНТЕРНЕТ, па ова го нашол во пребарувач (ФОТО)

Постариот господин е, според сите сметки, љубезен и учтив Еден млад човек од Јужна Америка стана вирален на Твитер откако го сподели необичниот начин на кој неговиот дедо бара видеа на YouTube. Дедо ми користи YouTube за да гледа видеа и денес наидов на ова – напишал младичот, со „скриншот“ од пребарувањата на неговиот дедо.




Судејќи по она што го барал постариот господин, тој се покажал како страстен навивач на Ливерпул. Тој беше заинтересиран за некои од натпреварите на „црвените“ против Пари Сен Жермен, како и против Барселона, која клубот ја доби со 4-0 од „Енфилд Роуд“.




Го интересираа и головите на Стивен Џерард, игрите на Ван Дајк и дриблинзите на Луис Дијаз. Неговото љубезно обраќање, односно учтиво пишување на зборот „добар ден“ или „те молам“, речиси пред секое пребарување наидуваше на лавина позитивни реакции.




Со него контактирале и некои навивачи на Ливерпул кои му честитале за изборот.
Mi abuelo usa youtube para ver videos y hoy me encontré con esto 🥰 pic.twitter.com/ZFqeXK7PUF
— Usuarios siendo d0mad0s (@sindicatodedom4) April 18, 2022