Возачката направила се за да не ја плати патарината на автопатот, погледнете каков хаос предизвикала во Шпанија (Видео)

Кога ќе видиме некој вози во спротивна насока, причината е главно алкохолот и најчесто завршува трагично. Од Шпанија ни доаѓа нешто сосема друго.

Имено, возачот возел по автопат и дошол до наплатните пунктови. Потоа се врти и продолжува да вози во спротивна насока. Полицијата набрзо ја запрела и ја привела.

Одговорот што го дала кога ја испрашале ја изненадил полицијата. Возачката рече дека намерно се свртела и продолжила да вози во спротивна насока бидејќи не сакала да плати патарина.

Така извозе полни 7 километри, а на крајот беше „наградена“ за се. Возачот е приведен како сторител на кривичното дело несовесно возење со очигледно непочитување на животите на другите.