Воз кој поминува директно низ станбена зграда СТАНА СВЕТСКА АТРАКЦИЈА (ВИДЕО)

Необичниот воз, кој поминува низ станбената зграда е само уште еден доказ дека не постојат граници

Кина! Оваа држава е во состојба да стори скоро се што замислува, особено ако е потребно да се заштеди простор, пренесува.
Така, еден град во Кина поставил нови стандарди кога станува збор за железниците и архитектурата.

Станува збор за градот Чонгкинг во кој возот минува директно низ станбена зграда.

Интересно е што жителите на оваа зграда воопшто не се бунат поради ваквото решение, бидејќи, како што велат, возот речиси и не се слуша.

Како изгледа сето ова во реалноста можете да видите во следното видео, но кое ги зачуди луѓето ширум светот.

Оваа снимка натерала многу туристи во Кина да го посетат токму овој град, со цел да го доживеат и лично ова необично искуство.