Во брак се цели 72 години и се сакаат повеќе од било кога – Ова е нивната тајна

Еден пар, 95-годишните господин и госпоѓа Ломбарди, во брак се веќе 72 години, а како што тврдат тие, денес се сакаат повеќе отколку на почетокот. Тие со помладите генерации споделиле неколку совети како и нивната љубов да трае толку долго и велат дека од првиот ден се придржуваат до овие нешта:

Љубовта е најважна
Трудете се љубовта да биде суштината на сѐ што правите, дури и кога тоа не е лесен избор. Љубовта е, велат тие, одговор на сè.

Давајте си комплименти
Секојдневно давајте си комплименти еден на друг. Пофалете ги ситниците кои партнерот ќе го направат среќен и задоволен.Чувајте го семејството
Своето семејство формирајте го во близина на вашите семејства, а потоа трудете се секогаш да бидете во близина на своите деца кога тие ќе се отселат од вас и ќе започнат самостоен живот.

Никогаш не изневерувајте
Не е важно дали неверството е емотивно или физичко, едноставно не правете го тоа. Како што вели овој брачен пар, ако се обврзете кон некого, работете на тоа вашиот однос да успее – секој ден, додека смртта не ве раздели.

Во ред е да се карате
Несогласувањето и размената на мислења се нормални во секоја здрава врска. Дури и кога не се согласувате, сослушајте се еден со друг. Не избегнувајте кавги и не бидете согласни со мислењето на партнерот по секоја цена бидејќи тоа кога-тогаш ќе прерасне во проблем.

Почитувајте се
Освен љубовта, најважната работа за добар и квалитетен однос е почитта. И кога станува збор за ова, едноставно нема компромис.