Во овој ресторан ЌЕ ПЛАТИТЕ КАЗНА, доколку не ја изедите храната која сте ја порачале

Како би го привлекле вниманието на клиентите на тешкотијата на риболовната работа, сопствениците на рестораните наплаќаат казни доколку им остане храна во чинијата. Клиентот е секогаш во право? Ако платив, одлучувам? Овие пароли не важат во јапонскиот ресторан Хачикио – а кога ќе ја слушнете причината може да заклучите дека сте на нивна страна. Откако сфатиле дека изјавата „Децата умираат од глад во Африка“ не делува толку ефикасно во борбата против отпадот од храна, решиле да ги удрат гостите таму каде што навистина боли: во џеб.

Имено, овде ќе добиете казна за секоја лажичка ориз што ќе ја оставите во чинијата. И не можете да кажете дека не сте предупредени. Причината лежи во одличната поврзаност на ресторанот со локалните рибари. Дури и начинот на кој ја служат храната е прилично филмски. Додека келнерите ја носат храната и ја послужуваат, тие пеат морнарски песни – а клиентите кои ги познаваат им одговараат на ист начин.

Сопственикот на ресторанот Хитоши Сугита објасни дека наплатата на казни за фрлање храна произлегува од желбата да се подигне свеста кај клиентите за опасностите и важноста на риболовот. Нивната задача да ловат риба не е воопшто лесна и без причина не се опишува како леб со седум кори. Затоа треба да бидеме свесни за важноста на храната што ја имаме пред нас и да бидеме свесни за проблемот со фрлањето на храната.

Еден од најголемите специјалитети на овој ресторан е кавијарот од лосос во соја сос со ориз – порцијата што ќе ја добиете навистина вреди, но се очекува барем тогаш да имате почит и да ја јадете како што треба.