Во Холивуд пристигнал со 20 долари и изградил империја – Волт Дизни

Тој го промени светот на забавата и животот на генерации деца ширум светот, бидејќи како пионер на анимацијата, учењето и образованието го претвори во забава. Волт Дизни е роден во Чикаго на 5 декември 1901 година, со три браќа и сестри. Кога се вратил од Првата светска војна која ја поминал во Франција како возач на брза помош, како одличен цртач, отворил своја компанија „Laugh-O-Grams“, но останал без пари и банкротирал, но не се откажал.

Тој се упатил кон Холивуд во 1923 година, со 20 долари во џебот и со едвај 22 години. Благодарение на неговиот постар брат Рој, кој во тоа време веќе бил во Калифорнија, и му помогнал со почетни 250 долари и уште еден заем од 500 долари, тој започнал нов бизнис.Таму Волт го нацртал својот најпознат анимиран лик – Мики Маус. Во театарот Колони во Њујорк на 18 ноември 1928 година, Мики Маус го направи своето деби во долгометражен филм во „Пароброд Вили“ – првиот синхронизиран цртан филм во историјата на анимацијата.

Четири години подоцна тој го доби првиот Оскар за неговиот прв цртан филм во „Цвеќиња и дрвја“, а во 1933 година неговиот колега аниматор Уб Иверкс ја патентира првата мулти-фацетирана анимирана камера од делови од стар Шевролет и го направи ревреволуција во цртаниот филм со новата техника. Кон крајот на декември 1937 година, Дизни премиерно го прикажува играниот филм „Снежана и седумте џуџиња“ во театарот Картај во Лос Анџелес. Потоа следеа филмовите „Пинокио“, „Дамбо“, „Бамби“ и „Фантазија“.

Во пресрет на Втората светска војна, Дизни ја прошири компанијата. Го доврши големото студио во Бурбенк во кое работат илјадници уметници, аниматори, сценаристи и технички персонал, а за време на војната и помогна на американската влада со продуцирање едукативни и пропагандни филмови кои го подигнаа моралот кај цивилите и војската. По војната, тој сними серија авантуристички документарни филмови, „Живата пустина“, „Исчезната прерија“, „Африканскиот лав“ и „Белата дивина“, во кои на забавен начин го научи светот за важноста на природата и нејзиното зачувување.

Во 1955 година, тој го отвори првиот парк Дизниленд. Покрај тоа, во 1954 година почна да се занимава со телевизиска продукција, а во 1961 година за прв пат во историјата започна телевизиска програма во боја. Како вистински визионер во 1965 година, тој се посвети на подобрување на квалитетот на животот во урбаните американски средини. Тој го водеше проектот EPCOT – Experimental Prototype Community of Tomorrow. За таа цел, тој купил голема парцела од 70 квадратни метри во срцето на Флорида каде го изградил светот на забавата на Дизни, со хотел и тематски парк. Експерименталниот град – одморалиштето Волт Дизни и Magic Kingdom Park беа отворени во 1971 година.

Disney MGM Studio Park беше отворен во 1989 година. Неколку години пред неговата смрт, Дизни рече: Прашање на принцип е да оставам нешто пред да се пресела, на зеленото поле. Кога би создал место каде што ќе се развиваат младите таленти за иднината, ќе се чувствувам како да ја завршив мојата работа. Така, во 1961 година, тој го основа Калифорнискиот институт за уметности, кој обедини две училишта – Конзерваториумот за музика во Лос Анџелес и Уметничкиот институт Chouinard. Програмата за обука имаше сосема нов пристап во стекнување на стручно знаење.

Волт Дизни почина од рак на белите дробови на 15 декември 1966 година, десет дена по неговиот 65-ти роденден. Зад себе остави милиони километри филмски ленти со цртани филмови и повеќе од сто ликови кои вдахнаа живот во филмот. Благодарение на нив, но и на документарните филмови, тој освои вкупно 22 Оскари, од кои 4 за една година и со тоа ги надмина сите актерски и режисерски ѕвезди.