Вработена во ресторан била повикана итно на работа, немала поим какво изненадување ја чека!

Нејт Итон е јавна личност која го претставува тајниот Дедо Мраз и дели подароци од 250.000 долари и неколку автомобили. Една од среќните што го добила подарокот е Шерил Стјуарт, жена која работи во кафетеријата во средното училиште Третон. Училиштето учествуваше во подготвувањето на изненадувања за неа.




Шефот и се јавил и рекол дека мора итно да дојде на работа за да преземе една смена, а всушност сакале да и ги дадат клучевите од новиот автомобил. Кога сфатила за што се работи, Шерил била во шок и не можела да ги задржи солзите. Тоа, сепак, не е целата приказна. Нејзиниот сопруг моментално е невработен бидејќи боледува од рак и лупус.




Покрај сето тоа и се расипа автомобилот и морала да позајми автомобил од роднина за да стигне на работа. Покрај работата на училиште, таа ќе направи се што може за да му помогне на своето семејство.




Таа самата го преживеала ракот и има закажано операција за време на божиќните празници бидејќи не може да си дозволи да зема слободни денови, а поради сето тоа не е во добра форма. Поради сето тоа таа навистина го заслужила овој подарок. За да дознаете повеќе за оваа приказна, погледнете го приложеното видео