Втора недела а учениците сеуште немаат учебници

„Втора недела учениците немаат учебници. Секоја година со СДС и ДУИ на власт нема учебници и по неколку месеци.“-велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение. Учениците наместо книги како материјал за учење добиваат скрипти, како што беше примерот минатата година.

Основните работи кои власта треба да ги обезбеди во образованието како учебници и свидетелства со СДС и ДУИ станаа луксуз.

Нејасно е што прави власта цела година, неколку години по ред, и како еднаш не го погодија времето кога треба да бидат спремни учебниците.-доодаваат од партијата.

„Со СДС и ДУИ образованието пропаѓа од ден во ден, потребни се промени, грешките и пропустите кои ги прават се катастрофални за Македонија“.- стои во соопштението.