Газдата му ја исплатил хипотеката на 69-годишниот работник за да може да се пензионира една година порано

Алберт Бригас (69) е човек кој не можел едноставно да се пензионира по завршувањето на воениот рок. Причина за тоа е хипотеката што ја имал, па бил принуден да продолжи да работи речиси цел живот. Сепак, неговиот работен век заврши кога доби изненадување од еден многу добар човек.

Неговиот шеф Руди Кинонес го смета Алберто за член на неговото семејство, па решил да му приреди пријатно изненадување. Дознал дека единствената пречка меѓу Алберт и пензионирањето се 5.000 долари што ги должи на својата хипотека.

Тој решил да дозволи предвремена пензија на еден од неговите најдобри вработени, кој работи кај него 13 години. Вели дека ова е еден од начините на кои може да му помогне и да му изрази благодарност за се што направил во компанијата, но и за својата земја служејќи војска.

Погледнете го приложеното видео и дознајте повеќе за оваа приказна: