Газдата снимил разговорот со кираџијата и го известил дека ја зголемува киријата

Во екот на неконтролираните цени за сè, вклучително и за недвижнини, на TikTok се појави видео од наводен разговор меѓу сопственикот и станар кој живее во таа куќа 10 години.




Раул Болуф, американскиот тиктокер кој го објави видеото, се опишува себеси како „инвеститор во недвижнини и сопственик на имот“. На видеото може да се слушне како и кажува на жената, за која тврди дека е кираџија, дека ќе и ја зголеми киријата од 1.100 на 2.200 долари.




„Се прашувам дали планираш да останеш во таа куќа? Раул ја прашува, на што жената одговара дека планира.




„Не знам дали претходниот сопственик ви кажал дека ја купивме куќата. Знам дека вашата кирија беше 1.100 долари, што е прилично ниско за денешниот пазар, па ќе морам да ви ја покачам киријата. Куќите во околината одат до 2.500 долари. Можеме да се договориме за 2.000-2.200 долари“, ѝ предлага тој.




“Ме зафркаваш?” тогаш се слуша вознемирен женски глас. „Па, тоа е двојно повеќе од сега, не можам да си дозволам. Имам деца и веќе работам две работи“, вели таа. На следното видео, жената наводно се заканува дека „ќе ја запали куќата“.
Видеото ги вознемири корисниците на TikTok. „Гнасен си“, „Чисто зло“, „Еве зошто луѓето мразат странци“, коментираат тие.
@therealraulbolufe Raising my tenant's rent Part 2 #Realestate #Realestateinvesting #floridarealestate #rentalproperty #rent #realtorlife #landlord #miami #florida ♬ original sound – Therealraulbolufe – Raul Bolufe