Германскиот циркус ги замени вистинските животни со холограми во знак на протест против злоупотребата на животните

Циркусот Ронкали целосно ги елиминираше животните од настапот и тие се првиот холографски циркус во светот. Тие всушност ги исфрлија животни од шоуто во 1990 година и беа пред другите со децении.




На почетокот користеле само коњи, но сега решиле дека не сакаат да користат никакви животни. Маркус Штробл, вели дека решиле да ги заменат животните со холограми.




Тој вели дека најголем дел од изведбите ги прават кловнови и разни уметници и дека се базирани на акробатски и уметнички изведби.




Холограмите навистина го одземаат здивот, а животните изгледаат уште поголеми и поубави отколку што навистина се. Како изгледа тоа можете да погледнете во приложеното видео.