Гестот на сопругот стана хит на социјалните мрежи: Вака тато ја сака мама!

Девојка од Њујорк на Твитер сподели видео кое и го испратил нејзиниот брат, а на кое се гледа како нивните родители шетаат низ снегот.

Начинот на кој нивниот татко го чистеше снегот за да не се намокри неговата сопруга стана хит на Твитер, а им се допадна на повеќе од 800.000 луѓе.

Не се знае точно каде и кога е направена снимката, но со оглед на тоа дека жената има лесни чевли, може да се заклучи дека снегот ги фатил неподготвени.

Како и да е, гестот на сопругот стана хит на социјалните мрежи, гледан од повеќе од 9,6 милиони луѓе само на Твитер. Еве зошто.