„Ги прочитав мејловите на татко ми, мислам дека има друго семејство“

Читањето туѓа преписка никогаш не се препорачува, а жена (24) од Велика Британија која сакала да остане анонимна открила голема тајна читајќи ги мејловите на нејзиниот татко. Имено, за време на пандемијата, жената се вратила во куќата на нејзините родители за да работи од дома и да заштеди пари во време на криза, а својот лаптоп му го позајмила на својот татко.

Откако забележала дека нејзиниот татко веќе некое време се однесува чудно, решила да ги прочита неговите мејлови. Шокот што следел ја оставил, како што вели, тажна и изгубена. Жената раскажала за својата ситуација на платформа каде луѓето бараат совет. Знам дека не требаше да го сторам тоа – рече таа, а потоа откри дека нашла „многу инкриминирачки мејлови кои сугерираат дека тој имал афера со една дама“.

Таа објасни зошто мисли дека нејзиниот татко можеби имал афера: Кариерата ја помина живеејќи и работејќи во други делови од светот, па не е незамисливо да има друго семејство – заклучила таа. Татко ми неодамна испрати мејл во кој вели дека би сакал да ја види во нејзиниот „роденденски костум“ со емотикон што намигнува.

Исто така, секогаш и се обраќа со „љубов моја“ и „драга“, а пораките ги завршува со бакнежи. Видов дека во неколку наврати и праќал пари и играчки за нејзините деца – напишала вознемирената жена и додала дека видела фотографии од девојчето кое се споменува во преписката, кое е од мешана раса.

Сега се прашувам дали ми е полусестра?! Никогаш не ја нарече ќерка. Пораките се наназад повеќе од шест години. Жената потоа побарала совет на платформата за тоа што да прави и дали треба да и каже сè на нејзината мајка .

Секако, заслужува да знае – и напишале, заедно со пораки за поддршка во тешка семејна ситуација.