Ги сакам своите деца, но повеќе ја сакам сопругата: Овој татко откри зошто

Вилијам Бетл, кој неодамна стана татко по втор пат, направи трогателна објава на Фејсбук посветена на неговата сопруга Лорен.




Гордиот татко и сопруг истакнале дека никогаш нема да може доволно да и се заблагодари и да ја „исплати“ на Лорен што ги родила нивните две деца. Всушност, на крајот на декември парот го доби синот Роман, а покрај него го имаат и петгодишниот син Канон.




„Девет месеци мајка ти беше сè што знаеше“, напиша Вилијам и додаде: „Пред да те држам во раце, мајка ти те држеше и никогаш не пушташе. Пред да жртвувам време за тебе, мајка ти доброволно го жртвуваше своето тело“.
„Пред да те утешам затоа што си вознемирен, мајка ти те тешеше само со чукање на срцето. Пред да те тешам кога си немирен, мајка ти те тешеше само со звукот на нејзиниот глас. Пред да можам да направам нешто за тебе, мајка ти ти даде сè. Мајка ти е причината зошто те држам денес“, напиша тој и заклучи дека животот на неговите деца, нивната безбедност и егзистенција зависат исклучиво од нивната мајка.




Тој додаде дека можеби ќе им треба време на неговите синови доволно да ја разберат и ценат Лорен.
„Ќе ви треба многу време за да ја разберете тежината, длабочината и неизмерната љубов на вашата мајка кон вас. Но, еден ден, кога ќе имате свои деца, тогаш ќе го разберете она што јас го гледам толку јасно“, им рекол тој.




Но, искажа и мислење со кое веројатно многумина сепак нема да се согласат.




„Ќе те држам цврсто, но уште поцврсто ќе ја држам мајка ти, бидејќи мојата љубов кон тебе расте колку повеќе ја разбирам силата на мајчината љубов“, напиша тој, нагласувајќи дека верува дека, иако ги сака своите деца, тој мора уште повеќе да ја сака сопругата која ги воспитала.породила, пренесува Индекс.