Го излажирал сопственото киднапирање, за да не оди на работа: Еве како го откриле (ВИДЕО)

Го излажирал сопственото киднапирање, за да не оди на работа (ВИДЕО)
Американец од Аризона се најде во неволја откако го лажирал сопственото киднапирање за да избегне да оди на работа.




Во петокот, на 10 февруари, во Кулиџ, полицијата добила дојава за маж кој лежи покрај патот, а рацете му биле врзани на грб.
Испратен бил полициски автомобил и наскоро полицијата пријавила дека навистина нашле еден млад човек кој изгледал дека бил врзан и напуштен покрај патот.




„Жртвата“ е идентификувана како Брендон Соулс, 19-годишник, кој и рекол на полицијата дека бил киднапиран од две маскирани лица. Според него, тие го удриле по главата, по што тој се онесвестил и се разбудил таму каде што го пронашла полицијата. Само, тоа не било точно, пренесува Oddity Central.
Полицијата известила дека била спроведена темелна истрага и биле пронајдени докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање или напад.




По испрашувањето, младиот човек конечно признал дека ја измислил приказната. Тој рекол дека очајно сакал да избегне одење на работа, па решил да го лажира сопственото киднапирање.
Си ставил стуткано марамче во устата, а потоа си ги врзал рацете зад грбот со кожен ремен. Легнал на земја покрај патот каде што секој можел да го види и чекал полицијата да го „спаси“.




На 17 февруари, Соулс бил уапсен за лажни пријави во полиција. Потоа го отпуштиле од компанијата за гуми каде што работел.