Градежен работник бил навредуван од жена во продавница, а тој и одржал животна лекција

Градежниот работник Енди Рос од САД бил малтретиран од жена со дете откако влегол валкан во продавница, но решил да и одржи лекција. Нормално е да носиме нешто пристојно и чисто кога одиме на шопинг, нели? Но, кога сте градежен работник кој по работа уморен оди во продавница за да купи нешто за јадење, тогаш не ни помислувате на чиста облека.




Енди Рос од САД извесно време е градежен работник, а неодамна доживеал непријатно искуство по кое решил да одржи лекција на една жена.
Кога еден ден влегол валкан во продавницата, една жена со дете го погледнала чудно и на својата 8-годишна ќерка и рекла: „Мораш да бидеш добар на училиште поради вакви работи“.




Иако е за пофалба што се грижи за образованието на своето дете, таа очигледно немаше проблем да навреди човек кој напорно работи за неа и чесно си ги заработува парите. Решил да започне разговор со неа и да открие малку повеќе за себе: „Прво, јас сум всушност многу добро образована валкана личност. Завршив средно училиште, факултет и имам многу медицински сертификати.




Да се претпостави дека некој е необразован поради својот физички изглед не е убаво. Второ, ако и кажете на вашата ќерка дека мора да оди добро на училиште само затоа што имам тетоважи, тоа би можело да ја ограничи нејзината креативност, имагинација и развојот на сопственото мислење.




Горд сум на моите тетоважи, тие ја претставуваат мојата услуга за оваа земја бидејќи работев како лекар во воени специјални операции. Јас самиот избрав да работам во градежниот сектор. Со гордост можам да кажам дека на некој начин ја градам Америка и дека уживам во мојата работа. Се обидов да работам други работи, но тоа не беше за мене. Сакам да бидам надвор и да работам со раце, со сила. Затоа понекогаш сум валкан.




Добро заработувам, имам добри работнички права и можам да го прехранам семејството. Мојот надворешен изглед нема никаква врска со интелигенцијата и образованието“. Мајката се чувствуваше засрамено затоа што со своите предрасуди навредила човек кој бил исто толку образован како неа (можеби и повеќе). И во Makeдонија имаме многу луѓе кои завршиле факултет, а не се занимаваат со својата професија, па оваа приказна е поучна и за нашите простори. Почитувајте ги другите затоа што не ја знаете нивната животна приказна.